Роналдо: Во Интер се луди!

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо изјави дека во Интер се сите луди, затоа неговиот поранешен клуб губи чекор со елитата во последниве години. Од 2010 година кога го освои трите големи титули – титулата во Лигата на шампионите, во Серија А и во Купот на Италија, Интер е во постојан пад и без место во елитното натпреварување.

„Зошто Интер назадува? Затоа што се луди, зарем не? Мора внатре во клубот да направат подобра проценка, оваа сезона изгледаше добра, едно време беа задоволни, но Интер сега падна. Тешко дека во скоро време ќе го освои Скудетото, но враќањето во Лигата на шампионите е реално. Мора луѓето да веруваат во проектот, треба време“ – вели Роналдо во интервјуто за „Газета дело Спорт“.

Роналдо беше дел од генерацијата која во 2002 година во последното коло го испушти Скудетото. Што се однесува до сегашниот однос на силите во италијанскиот фудбал, Бразилецот смета дека Наполи сезонава ќе ја прекине шестгодишната доминација на Јувентус.

„Денес дуелите меѓу Наполи и Јувентус се како оние меѓу Барселона и Реал Мадрид во мое време. Двобој на тимови кои се над другите. Наполи игра фантастично, додека Јувентус психички ги урива противниците. Не знам како ќе се заврши таа трка, но би сакал Наполи да ја прекине доминацијата на Јувентус. Иако јас би сакал Интер да е во таква позиција. Добра работа за италијанскиот фудбал би била да не биде Јувентус шампион, здодевно е кога не се менуваат шампионите“ – порача некогаш најдобриот фудбалер во светот.

Се вчитува...