Роналдо во изолација во Доха поради коронавирус

Поради позитивен тест на коронавирус, легендарниот бразилски фудбалер Роналдо  мораше да биде ставен во изолација во Доха. Екс  репрезентативецот почувствувал благи симптоми, по што се решил да се тестира, и тестот покажал дека е позитивен.

Токму поради тоа, Роналдо не присуствувал на стадионот на вчерашниот меч Бразил – Србија.

„Во средата почувствував благи симптоми, а во четвртокот истите беа посилни. Се решив да направам тестирање за ковид-19 и да ги отстранам сите сомнежи. Тестот се покажа позитивен. Јас сум добро“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Не е познато дали Роналдо ќе може да ја следи неговата репрезентација и на дуелот со Швајцарија во понеделник.

Се вчитува...