Роналдо во одбрано друштво – со голови на четири мундијали

Кристијано Роналдо по само неколку минути игра од пенал ја доведе Португалија во водство на дуелот против Шпанија, со што големиот ас си обезбеди и место во одбраното друштво – меѓу фудбалерите кои имаат постигнато најмалку по еден гол на четири мундијали.

Кристијано претходно беше стрелец и во 2006 во Германија, во 2010 во Јужна Африка и во 2014 година во Бразил.

Претходно, погодоци на четири светски шампионати постигнале само уште Мирослав Клосе (2002, 2006, 2010, 2014), Пеле (1958, 1962, 1966, 1970) и Уве Зелер (1952, 1958, 1962, 1970).

Се вчитува...