Роналдо втор најлош изведувач на слободни удари во историјата на Серија А

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо години наназад важи за еден од статистички најлошите изведувачи на слободни удари. Португалецот моментално е во серија од 18 промашени слободни удари во кои шутирал директно во голот на противникот. Тоа е втора најдолга низа во историјата на калчолигата. Полош од Роналдо е само Камилјо Киано кој играјќи за Фросиноне промаши 21 слободен удар во низа.

Одговор на прашањето зошто слободните удари ги изведува Роналдо, а не Дибала или Пјаниќ, даде тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

„Како и секогаш во такви ситуации постојат различни опции. Слободните удари кои повеќе одговараат за фудбалер кој игра со десната нога ги изведуваат Роналдо и Пјаниќ, тие што одговараат за левак се на Дибала и Бернардески“, изјави Сари. 

 

Се вчитува...