Роналдо за неполн ден му донесе 50 милиони евра на Јувентус

Кристијано Роналдо синоќа допатува во Торино, за денеска и официјално по лекарските прегледи да го потпише својот договор со Јувентус. Самото пристигање на Португалецот предизвика „треска“ меѓу тифозите на Јуве, па италијанските медиуми јавуваат дека италијанскиот првак за помалку од еден ден си вратил половина од 100-те милиони евра што треба да му ги плати на Реал за Роналдо.

Имено, за помалку од 24 часа преку онлајн продавницата на Јувентус стигнале порачки за неверојатни 520.000 дресови со бројот седум и името Роналдо на грбот. Ако се знае дека просечната цена на еден ваков дрес изнесува околу 105 евра, јасно е дека „старата дама“ експресно си врати над 50 милиони евра.

За потсетување, Роналдо во Јувентус годишно ќе заработува по 30 милиони евра, но со вакво темпо на продажба на дресовите раководството на Јуве може само да трие раце, бидејќи Португалецот на крајот нема да им излезе преголем трошок, а ќе значи премногу и како квалитет на тимот, но и како имиџ на мегаѕвезда од самиот светски врв што доаѓа на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...