Роналдо за случајот „силување“: Вистината секогаш е на прво место

Кристијано Роналдо првпат јавно зборуваше за обвинувањата за силување на манекенката Кетрин Мајорга. На прес конференцијата во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед, првото прашање што го доби беше токму на оваа тема.

„Нема да лажам. Задоволен сум. Моите адвокати се уверени, а и јас сум сигурен во успех. Уживам во фудбалот, а за се останато имам луѓе кои се грижат. Вистината секогаш излегува на виделина“ – рече Португалецот.

Обвинувањата доаѓаат по девет години од настанот во Лас Вегас за кој Мајорга тврди дека бил силување, а за Роналдо дека сексуалниот однос бил со согласност.

Прес конференцијата на Роналдо предизвика огромно внимание. Тој на неа порача дека Јувентус ќе го победи Манчестер Јуанјтед, а имаше и емотивна порака со благодарност со Алекс Фергусон.

Дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус од третото коло во груната фаза е закажан за утревечер.

 

Се вчитува...