Рос Баркли дојде на прегледи во Челси, па се премисли и остана во Евертон

Уште едно фијаско му се случи на англискиот првак Челси во последните часови од летниот преоден рок. Играчот за врска на Евертон и англиски репрезентативец Рос Баркли дојде на медицински прегледи на „Стемфорд бриџ“, ги мина успешно, а потоа се премисли и не се согласи да направи трансфер во Челси. Инаку, двата клуба постигнале согласност за преселба на фудбалерот за сума од 35 милиони фунти.

Баркли ќе остане најмалку уште шест месеци на „Гудисон парк“, а Челси остана без уште едно очекувано засилување. Сепак, англиските медиуми информираат дека Дени Дринквотер од Лестер ќе ги засили „сините“ од Лондон, откако раководствата на двата клуба се договориле за реализација на овој трансфер. Потврдено е и дека Давиде Запакоста од Торино доаѓа на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...