Рос Браун предлага рејтинг систем на трките во Ф1

Спортскиот директорот на Ф1, Рос Браун, смета дека Формула 1 треба да се стреми кон квалитет, покрај квантитетот кога станува збор за зголемувањето на трките во календарот. Сезонава во Ф1 шампионатот ќе се вози 21 трка, а „Либерти Медиа“ најавија дека има тенденција на подолг рок, бројката да се зголеми на 25.

„Најважен е квалитетот на натпреварувањето. Нема полза од тоа само да го зголемуваме бројот“ – изјави Рос Браун.

Спортскиот директор на Ф1 исто така јавно ја сподели и идејата за воведување на рејтинг систем, според кој треба да се оценуваат трките. Добро организирани, интересни и успешни гтрки ќе добиваат повеќе поени, за сметка на оние кои потфрлиле по овие ставки.

„Со време може да се формира и листа на чекање, на која најдобрите патеки и промотори че се натпреваруваат за влез во календарот на Ф1. Во таква ситуација ќе може да ги отстраниме оние кои не ги исполнуваат условите и да им дадеме шанса на нови“ – објасни Рос Браун.

Се вчитува...