Росе: Бев задоволен од Елмас, но еве зошто морав да го заменам…

Елиф Елмас конечно доби шанса да биде стартер во тимот на Лајпциг, откако македонскиот репрезентативец заигра од првата минута на дуелот со Дармштад.

Елмас беше меѓу најзабележителните на теренот во првото полувреме, но изненадувачки не се врати во вториот дел. Тренерот Марко Росе обелодени дека одлуката за замена не била од тактички план, туку затоа што Елмас се пожалил на несвестица за време на паузата.

„Елиф Елмас одигра добро полувреме, беше мотивиран и полн со енергија. Јас бев задоволен, но морав да го заменам на полувремето. Причината е едноставна – тој не се чувствуваше најдобро. Се пожали на болка во стомакот и главата, кажа дека имал несвестица и немавме друг избор. И јас бев изненаден, но во секој случај не сакавме да ризикуваме и го повлековме“, изјави Росе.

Фудбалерите на Лајпциг вчера имаа слободен ден, а од денеска се враќаат на тренинг, на кој се очекува да присуствува и македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...