Росе за Елмас: Нормално дека не е среќен, но Елиф ќе биде важен играч за Лајпциг

Елиф Елмас беше доведен како скапо засилување на Лајпциг во јануарскиот преоден рок, но македонскиот репрезентативец не добива шанса да ги покаже своите квалитети во новиот клуб.

„Дијамантот“ обично добива само по десетина минути по натпревар, премалку за да може да влезе во топ-форма, но тренерот Марко Росе верува дека Елмас ќе ги оправда очекувањата во иднина.

„Елиф е топ момче. Секако дека не е среќен од ситуацијата во која се наоѓа во моментов. Сепак, неговата позиција е со неверојатно силна конкуренциј бидејќи тука ги имаме Дани Олмо и Чави Симонс. Тој го знаеше тоа кога потпиша. Јас верувам во него, продолжуваме да комуницираме за да не стане премногу исфрустриран. Елиф е одличен фудбалер, ние веруваме во него и јас знам дека тој ќе биде важен играч за Лајпциг“, изјави Марко Росе.

Останува да се види дали тренерот на Лајпциг можеби конечно ќе му даде шанса на Елиф како стартер на утрешниот бундеслигашки дуел со Дармштад, на кој Лајпциг важи за огромен фаворит.

Се вчитува...