„Росонерите“ подобри пеналџии од Лацио, ќе играат финале на Купот против Јувентус

Милан успеа да го продолжи победничкиот пат во Купот на Италија и се пласира во финалето, каде ќе се сретне со Јувентус. „Росонерите“ по подобро изведување пенали (4-5) вечерва во Рим се изборија за пласман во мечот што ќе решава за трофејот, елиминирајќи го Лацио.

По 120 минути игра и на реваншот на „Олимпико“, како и на првиот меч во Милано, резултатот остана непроменет, 0-0, па се прејде кон изведување пенали. По првите три серии, и двата тима не реализираа по два удари од белата точка, но потоа сите шутираа прецизно се до седмата серија. Тогаш Луис Фелипе не го искористи својот пенал, а Ромањоли го испрати Милан во големото финале, каде ќе ги одмери силите со Јувентус. Финалниот меч ќе се игра на „Олимпико“ на 9 мај.

Се вчитува...