Ростов и се израдува на Будимпешта, вардарки на познат терен

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Сите четири екипи учеснички на годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција, вчера пристигнаа во Будимпешта, а денеска ќе ги одработат последните подготовки и медиумските обврски пред завршниот викенд.

Вардарки во својот петти настап на Ф4 турнирот, ќе го направат последниот обид во овој состав да стигнат до шампионската титула, која во изминатите четири изданија им остана неоставарена цел. Прв пречка на патот до подиумот, во саботното полуфинале, ќе им биде рускиот Ростов Дон.

Македонскиот шампион е единствен во оваа четворка со Ѓер, ЧСМ Букурешт и Ростов Дон, што настапил на сите пет изданија од воведувањето на Ф4 форматот во завршницата од ЛШ. Вардарки се веќе како дома на добро познатиот терен во „Ласло Пап Арената“

Мора да го искористиме целиот ентузијазам што го носиме во над и да се пласираме во финалето, а потоа можеби и да ја освоиме Лигата на шампионите“ – оптимистички најави француската репрезентативка на голот на Вардар, Амандин Лејно.

За разлика од вардарки кои се веќе „староседелки“ во Будимпешта, нивниот протовник, Ростов Дон е дебитант на завршниот турнир во ЛШ. Иако дел од ракометарките на рускиот шампион веќе имаат искуство од Будимпешта, а дел и по неколку шампионски титули, сепак, генерално кај годинешниот дебитант владее позитивно расположение и видливо воодушевување што се дел од големата четворка во ЛШ. Рускиот првак прв пристигна во Будимпешта и добро се загрева за пресметката со Вардар во сабота.

Меѓу тренинзите ракометарките на Ростов Дон се пресретнаа со ЧСМ Букурешт, а за дел од од нив тоа беше срдечна средба со некои од поранешните колешки. Во рускиот шампион се убедени дека можат да го повторат тоа што го направи романскиот тим пред две сезони кога во Будимпешта дојде како дебитант и аутсајдер, а си замина како европски шампион.

„Нашата цел е да го освоиме пехарот“ – самоуверено најави бекот на Ростов Дон, Ана Сен.

И на патот на ЧСМ Букурешт тогаш во полуфиналето беше токму Вардар, како и сега на дебитантското полуфинале на Ростов Дон. Но, вардарки од таа 2016 досега се поискусни за ланското финале и решени оваа по многу работи неверојатна сезона, да ја крунисаат со титула.

Денеска претпладне вардарки ќе го одржат завршниот тренинг, а во 14.00 часот на распоредот е редовната средба со новинарите пред стартот на Ф4 турнирот во ЛШ која годинава наместо во хотелот во кој се сместени екипте, ќе се одржи во „Паркот на хероите“, едно од обележјата на Будимпешта.

Се вчитува...