Розберг: Хамилтон може да го надмине рекордот на Шумахер

Луис Хамилтон би можел да го достигне легендарниот Михаел Шумахер, а зошто не и да го надмине, смета светскиот шамопион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг.

Ако ја одбрани титуилата сезонава што е многу веројатно со оглед на предноста што ја има, тогаш Хамилтон со пет титули ќе се изедначи со Хуан Мануел Фанџо, а единствен возач со поголемо достигнување ќе остана само Михаел Шумахер со неговите седум шампионски титули.

Розберг кој четири години беше тимски колега со Хамилтон во тимот на Мерцедес, убеден е дека тој може да ја продолжи победничката серија и во следните сезони.

„Тоа нема да биде некое големо изненадување. Во оваа сезона тој практично, не погреши ништо. Мислам дека оваа титула може да му го даде неопходниот поттик и мотивација да се обиде да го подобри рекордот на Шумахер од освоени седум шампионски титули во Формула 1. Луис има договор со Мерцедес уште две години, така што може да го надмине. Мерцедес е вистинска воена машина. Го земам предвид целиот пакет – болидот и Луис Хамилтон. Долгорочно тој одржува неверојатен ритам и за да го победиш треба да си перфектен, а Ферари не успаја да бидат перфектни“ – вели Нико Розберг.

До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат уште четири трки, следна на календарот е трката за ГН на САД на 21. октомври во Остин.

Се вчитува...