Розберг мислеше дека околку него нема новинари, па го критикуваше Хамилтон (ВИДЕО)

Џорџ Расел од следната сезона ќе биде нов совозач на Луис Хамилтон во Мердецес и со тоа ќе ја комплетира и третата промена во новата ера на тимот во која константа остана само, сега осумкратниот шампион. По објавата за заминувањето на Финецот, Британецот не ги криеше емоциите и изјави дека Ботас бил неговиот најдобар совозач досега.

Интересно е тоа што покрај Валтери Ботас „чест“ да се биде совозач на Британецот во Мерцедес имаше и Нико Розберг, возачот на кој многумина му предвидуваа иднина како Михаел Шумахер, но Германецот донесе несекојдневна одлука да се повлече од најбрзото натпреварување на светот по освоената титула во 2016 година на 31-годишна возраст.

Пензионираниот Розберт во ниедба прилика досега пред камера не упати критика кон Хамилтон, но последната изјава на британскиот возач ги прелеа емоциите на Германецот, кој несвесно дека е во присуство на новинари говореше на оваа тема.

„Ботас беше суперкорисен совозач. Никогаш не го победи Хамилтон и затоа беа во одлични односи. Затоа и сега тој вели дека тој му е најдобриот тимски колега кој го имал. Сакав под објавата да прашам што е со мене“, рече Розберт, кој потоа сврте околку себе и запраша:

„Овде нема новинари, зар не?“

Се вчитува...