Марко Розе по само три месеци откако беше отпуштен од Борусија Дортмунд успеа да го земе скалпот на својот поранешен клуб, предводејќи го Лајпциг до победа над „милионерите“ од 3-0 во 6. коло од Бундеслигата.
Орбан со одличен удар со глава го отвори натпреварот со гол во 6. минута од мечот, а веќе до полувремето неговиот сонардоник Слобозлаи со неверојатен удар надвор од шестнаесетникот успеа да донесе преднсот од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Хаидара во 84. минута.
Yes! Überzeugender Heimsieg gegen den @BVB #RBLBVB pic.twitter.com/zijKWtdY28
— RB Leipzig (@RBLeipzig) September 10, 2022
Низата на нерешени натпревари за Баерн Минхен продолжува откако „бацарците“ не успеја да слават ниту против Штутгарт. Домаќините имаа предност се до 92. минута од мечот, но гостите успеја да му одземат бод на гигантот преку белата точка за конечни 2-2.
Младиот Тил со гол во 36. минута донесе предност за Баерн Минхен од 1-0, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Предноста на „бацарците“ траеше се до 56. минута кога Фурих ја затресе мрежата на домаќините, но по само три минути Мусиала го врати минхенскиот клуб во водство. Кога се чинеше дека Баерн Минхен ќе ја прекине низата на нерешение средби на сцена настапи Гуираси кој не пропушти прилика во судиското продолжение за реализира од белата точка.
Remis gegen Stuttgart. #MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/0Dels2YIie
— FC Bayern München (@FCBayern) September 10, 2022
Во останатите натпревари Хофенхаим со 4-1 славеше против Мајнц, додека Херта и Баер Леверкузен одиграа 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА