Рубен Дијаз е дефанзивец број 1 во ЛШ

Рубен Дијаз продолжува да собира индивидуални награди откако Португалецот денеска беше избран за најдобар дефанзивец во Лигата на Шампионите, на церемонијата во организација на УЕФА.

Тој имаше одлична сезона во која даде значаен придонес Манчестер Сити да стигне до финалето, но не успеа да се закити со трофејот бидејќи „граѓаните“ таму беа поразени од Челси со 1-0.

„Жал ми е што не можам лично да бидам присутен поради рестрикциите. Среќен сум што ја добивам оваа награда за најдобар дефанзивец во Лигата на Шампионите. Голема благодарност на сите кои дадоа придонес за ова големо признание“, порача Дијаз преку видео-пораката што беше објавена на церемонијата.

Признанието за најдобра дефанзивка во Лигата на Шампиони во женска конкуренција заврши во рацете на Ирен Паредес од ПСЖ.

Се вчитува...