Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес објави дека ќе поднесе жалба на тригодишната забрана што му ја изрече светската фудбалска федерација ФИФА во понеделник поради бакнување со фудбалерката Џенифер Хермосо.
Рубиалес преку социјалните мрежи порача дека ќе дојде „до последната инстанца за да ја постигне правдата и да ја докаже невинноста“. Тој сака да ја претстави својата верзија за настанот што се случи на 20. август по финалето на Светското првенство за жени во Сиднеј.
Рубиалес, тврдејќи дека е невин, цврсто одби да поднесе оставка за време на собранието на здружението во Мадрид. Тој рече дека бакнежот бил консензуален, меѓу двајца пријатели во момент на еуфорија поради освојувањето на титулата и дека Хермосо го одобрила краткиот бакнеж. Фудбалерката на Пачука прво не се огласи, а потоа преку социјалните мрежи и синдикатот пријави дека не дала дозвола да ја бакне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА