Рубљов е последниот полуфиналист на мастерсот во Шангај

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е последниот полуфиналист на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот град, Шангај.

Рубљов во последното четвртфинале без поголеми проблеми со максимални 2-0, по сетов 6-2 и 6-3 го совлада францускиот тенисер Иго Умбер.

Во полуфиналето Русинот за противник ќе го има бугарскиот тенисер Григор Димитров, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Хуберт Хуркач од Полска и Себастијан Корда од САД.

Се вчитува...