Рубљов го „здроби“ Надал во Монте Карло (ВИДЕО)

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов стигна до значајна победа од 2-1 (6-2, 4-6, 6-2) над Рафаел Надал во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло, со што обезбеди место во следната фаза и меч против Каспер Руд.

Во фантастичниот меч со неколку неверојатни поени, Рубљов го покажа сиот свој потенцијал против врвниот ас, со што младиот тенисер наговести интересна битка во иднина.

Монте Карло важи за еден од омилените турнири на Надал, а денешниот шок е второ огромно изненадување на овој Мастерс, откако вчера елиминиран беше и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...