Рубљов и Димитров без проблеми до четвртфинале во Париз

Петтиот тенисер во светот, Андреј Рубљов без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето на последниот АТП мастерс 1000 турнир кој се игра во „Берси арената“ во Париз.

Русинот во осминафиналето со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3 беше подобар од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп. Во четвртфиналето Рубљов за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Јаник Синер од Италија и Австралиецот Алекс де Минор.

Пласман меѓу осумте најдобри во Париз обезбеди и Бугаринот, Григор Димитров кој исто така со максимални 2-0 (6-2 и 6-2) беше подобар од Казахстанецот Александер Бублик.

Се вчитува...