Рубљов и Хуркач ќе водат битка за 1,26 милиони долари во Шангај

Андреј Рубљов и Хуберт Хуркач че се сретнат во големото финале од Мастерс-турнирот во Шангај, дуел од кој победникот ќе си замине побогат за 1,26 милиони долари.

Рубљов славеше со 2-0 во сетови против Григор Димитров, откако бугарскиот тенисер еден сет достојно парираше, но потоа влезе во серија грешки и победата заслужено му припадна на Русинот. Првиот сет беше решен со тајбрејк што Рубљов го доби со 9-7, Димитров дури и поведе со 0-2 на стартот од вториот сет, но следеше серија од пет гејма во низа на Русинот, кој ќе игра за својот втор мастерс-трофеј сезонава, по оној освоен во Монте Карло.

Хуркач во своето полуфинале славеше над Американецот Корда со 2-0 во сетови (6-3, 6-4), реванширајќи се за поразот од истиот ривал во осминафиналето од Австралија Опен.

Се вчитува...