Во првото полуфинале на АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим, Каспер Руд го победи домашниот тенисер Лучијано Дардери со убедливи 2-0 во сетови и се пласираше во големото финале во главниот град на Италија.
Натпреварот беше проследен со пауза поради дожд која се случи кога Руд водеше со 4-1 во првиот сет. По неколку часа, натпреварот продолжи и Норвежанецот не се намачи многу славејќи со 6-1 и 6-1.
Со оваа победа, Руд стигна до своето 27. финале во кариерата и 18. на земјена подлога. Таму за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Данил Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
