Руд ќе го предизвика Медведев, Рублев остана со празни раце

Каспер Руд е последниот полуфиналист на завршниот АТП турнир во Торино, откако норвешкиот тенисер по голема битка славеше над Русинот Рублев со 2-1 во сетови.

Рублев го доби првиот сет со 6-2 и се чинеше дека е на добар пат да стигне до триумф откако направи брејк и во вториот сет. Сепак, Норвежанецот се врати и го доби сетот со 5-7, по што Рублев прв дојде до брејк и во третиот сет. И повторно Руд го покажа својот карактер, успевајќи да се врати, а потоа во тајбрејк да слави со 5-7, за пласман во полуфиналето, каде ќе го очекува пресметка со Медведев.

Првопласираниот во неговата група, Новак Ѓоковиќ, за ривал во полуфиналето од АТП шампионатот ќе го има Александар Зверев.

Се вчитува...