Руд: Новак тешко е да опишам колку си добар, ти си инспирација на сите ширум светот

Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на Ролан Гарос против Каспер Руд и стигна до рекордната 23. гренслем титула во кариерата оставајќи ги зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Импресиран од Србинот беше и 24-годишниот противник во финалето кој по натпреварот имаше само пофални зборови за рекордерот велејќи дека тој е инспирација на многумина низ светот.

„Морам да почнам со Новак. Постави нов рекорд и испиша историја во тенисот уште еднаш. Тешко е да опишам колку си добар и каква инспирација си за сите ширум светот. Среќен сум бидејќи можам прв да ти честитам. Тебе и на твојот тренер Иванишевиќ. Им благодарам на целата моја екипа и семејство за поддршката. Среќен сум бидејќи бев дел од финале на Ролан Гарос и се надевам дека ќе бидам тука и следната година“, изјави Руд по финалето.

Се вчитува...