Руди Гарсија: Не е лесно да се победи Јувентус

Францускиот тим Лион оствари минимален триумф (1-0) над Јувентус во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Тренерот Руди Гарсија е задоволен од изданието на фудбалерите и потенцира дека воопшто не е лесно да се победи „старата дама“ со Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на шампионот на Апенините.

„Задоволен сум, ова е голема победа за нас. Најважно е што успеавме и да ја сочуваме мрежата. Можеби имавме шанси и за втор погодок, но нема да гледаме на победата во заби. Не е лесно да се победи Јувентус. Остваривме голем триумф над голем тим, со ѕвезди како Роналдо, Пјаниќ, Дибала…Секако ќе настојуваме да постигнеме еден гол и на реваншот. Тоа ќе мора да го сториме ако сакаме да се пласираме во следната рунда“, изјави Руди Гарсија.

Лион го ограничи Јувентус на само еден удар кон голот на Антони Лопес во текот на целиот натпревар.

Се вчитува...