Руди Гарсија: Немавме среќа…

Баерн Минхен убедливо славеше со 3-0 против Лион во второто полуфинале од Лигата на шампионите, на тој начин закажувајќи си финална пресметка со ПСЖ кој ден претходно со истиот резултат го победи Лајпциг.

Но, тренерот на Лион, Руди Гарсија смета дека неговиот тим само немал среќа на мечот…

„Требаше на почетокот да водиме со 2-0, но на крајот тие поведоа благодарение на генијалниот потег на Гнабри. Во второто полувреме не можевме до пресврт. Баерн беше целосно мирен на мечот, и сигурно се среќни со еден таков резултат кој е малку превисок. Ние може да бидеме горди на тоа што го направивме иако сме разочарани. Немавме и среќа на дуелот за да се надеваме на нешто повеќе“ – вели Гарсија.

Се вчитува...