Руди Гобер е дефанзивец на годината во НБА

Уште еден Французин со признание на годината во НБА лигата. По Виктор Вембањама, кој е прогласен за „руки“ на годината, за дефанзивец на годината во НБА е одбран и центарот на Минесота, Руди Гобер.

Гобер по четврти пат го добива ова признание, приклучувајќи се на Дикембе Мутомбо и Бен Волас кои исто така по четири пати беа дефанзивци на сезоната.

Французинот претходно беше најдобар дефанзивец во 2018, 2019 и во 2021 година.

Се вчитува...