Рудигер се договорил со Реал Мадрид

Антонио Рудигер е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Мадридскиот клуб наводно ги договорил сите барања на централниот дефанзивец, кому му истекува договорот на крајот од сезоната и ќе потпише како слободен агент.

Се очекува договорот да биде обелоденет веднаш откако кралскиот клуб ќе ја обезбеди титулата во Шпанија. Засега не се споменуваат детали околу договорот, но се очекува 29-годишниот Германец да потпише договор на 4 или 5 голови.

Во оваа сезона Рудигер одигра 47 натпревари и постигна пет голови. Тој беше еден од заслужните за титулата на Челси во Лигата на шампионите минатата сезона.

За него беа заинтересирани и Јувентус и Баерн Минхен. Вчера менаџерот на Челси Томас Тухел потврди дека Рудигер си заминува од клубот.

Се вчитува...