Румениге: Бундес-лигата ќе се доигра до крај, ако треба и после 30 јуни

Фудбалот е суспендиран, а големите лиги само ги одложуваат термините за продолжување на шампионатите. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, реагираше бурно на одлуката на Белгија да прогласи шампион уште отсега и побара од фудбалските федерации да ги завршат првенствата по завршувањето на пандемијата од коронавирусот.

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге, вели дека Бундес-лигата ќе се доигра до крај и за тоа има согласност од сите клубови.

„Имавме состанок уште додека тоа го дозволуваа условите и одлучивме дека сезоната во Бундес-лигата ќе биде доиграна до крај, дури ако треба и после 30 јуни, без разлика на политичките и здравствените одлуки кои ќе бидат донесени во време на пандемијата. Кога се ќе биде безбедно, фудбалот ќе продолжи и Бундес-лигата ќе го има својот крај. Можеби ќе се соочиме со мали проблеми ако навлеземе и во јули, со оглед договорите на некои играчи завршуваат заклучно со 30 јуни, но и тоа ќе се надмине. Ние имаме тројца ракви фудбалери во Баерн Минхен, Перишиќ, Кутињо и Одриозола“, изјави Румениге.

 

Се вчитува...