Румениге демантира преговори со Покетино: Флик одлично ја врши работата

Баерн Минхен нема намера да ангажира нов тренер се додека Ханси Флик добро си ја врши работата. А според Карл – Хајнц Румениге, си ја врши одлично.

„Ние сме комплетно задоволни со Ханси. Не само затоа што победуваме. Квалитетот на играта е одлучувачки фактор. Се што направи досега, тоа е навистина она што го посакувавме. Ханси има комплетен план за се, многу добро знае фудбалерите што сакаат и знае да ги воведе во ред“, изјави Карл – Хајнц Румениге.

Баерн Минхен вечерва гостува во Белград и ќе ги одмери силите со Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...