Румениге се сретна со Венгер, исходот е…

Арсен Венгер беше еден од ретките стратези што отворено истакнуваше дека е заинтересиран за преселба на клупата на Баерн Минхен, но тоа сепак нема да се случи.

Весникот „Билд“ вечерва објави дека во текот на денешниот ден дошло до средба меѓу Венгер и Карлхајнц Румениге, на кое францускиот стратег имал можност да ја претстави својата визија за Баерн. Според истиот извор, искусниот стручњак воопшто не го импресионирал Румениге, кој експресно ја затворил вратата на „Алијанц Арена“ за Венгер.

Пораката од Румениге до остатокот од раководството на Баерн е да се разгледуваат останатите опции, како јасен знак дека Венгер нема да биде наследникот на Нико Ковач. Од останати опции, во преден план остануваат Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо, двајца трофејни тренери кои моментно се без ангажман и во текот на репрезентативната пауза би можеле да го преземат кормилото на баварскиот гигант.

Се вчитува...