Румениге се врати во Баерн: Среќен сум што клубот ме повика назад

Екс германската легенда Карл-Хајнц Румениге се приклучи на Надзорниот одбор на Баерн Минхен. Тој се враќа во клубот после две години, откако од 2001 до 2021 година беше генерален директор на клубот. Под негово водство тимот освои 14 трофеи, и два пати Лигата на шампионите.

Румениге се враќа во раководството на клубот по отказите на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, кои добија „шут-карта“ веднаш откако тимот ја освои титулата во Германија под многу среќни околности.

„Му благодарам на надзорниот одбор за довербата и со задоволство прифатив да му помогнам на тимот. Имав голема чест и голема среќа да славам бројни успеси со овој клуб, и со задоволство одговорив на повикот од Баерн Минхен“, рече Румениге.

Се вчитува...