Румениге: Сезоната во Бундес-лигата мора да заврши, не е важно кога ќе почне следната

Бундес-лигата е во прекин, впрочем како и фудбалот во целиот свет освен во Белорусија, а претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, смета дека сезоната мора да се одигра по завршување на пандемијата и да има завршница.

„Ако ова не е во спротивност со епидемиолошката состојба и со политичката состојба, тогаш тоа е единствената опција која треба да ја разгледуваме. Дури и ако тоа значи дека следната сезона не би започнала пред зимата. Треба да ја одиграме оваа сезона заради спортска искреност, но, секако и за да ги задржиме економските штети што е можно пониско“, изјави Румениге.

До крајот на првенството во Бундес-лигата остануваат уште девет кола, Баерн Минхен се наоѓа на врвот на табелата со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...