Румениге: Шокиран сум од изјавите на првиот човек на германскиот фудбал

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, е изненаден од изјавите на претседателот на Фудбалска федерација на Германија кои изнесе критики на сметка на богатите фудбалери кои, според, него мора да бидат поскромни.

„Новите богати фудбалери кои ги покажуваат сите свои пари мора да бидат поскромни“ – рече Келер во разговорот за „Шпигел“.

На сето тоа реагираше Румениге потенцирајќи дека е шокиран од такви ставови на првиот човек на германскиот фудбал.

„Шокиран сум. Тоа се чисти популистички изјави. Германската федерација треба да ја гледа својата работа затоа што има многу други нешта за кои треба да се грижи“ – порача Румениге.

По двомесечна пауза Баерн Минхен вчера го одигра првиот официјален натпревар. Баварците без проблеми славеа против Унион Берлин со 0-2.

Се вчитува...