Румениге со одлични вести: Бундеслигата би продолжила на 9. мај

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди позитивни вести околу продолжувањето на Бундеслигата.

Баварците вчера ги продолжија тренинзите, работејќи пооделно во мали групи, а Румениге денеска информираше дека можно е првенството да продолжи на 9. мај.

„Тренираме во помали групи и ги почитуваме сите здравствени протоколи. Веќе се зборува дека на 9. мај ќе продолжи лигата и ние како клуб тоа секако го поддржуваме. Нашиот став е јасен дека сакаме што побрзо да се продолжи со натпреварувањето, од спортски и од економски причини“ – вели Румениге, и дополнува:

„Датумот е определен, но чекаме зелено светло од германската влада. Мора да продолжиме затоа што ТВ правата имаат огромно влијание околу функционирањето на клубовите. Без тие средства не можеме да функционираме“.

Речиси е извесно дека Германците меѓу првите ќе продолжат со сезоната, а веднаш до нив со старт на фудбалските активности се и Данска и Норвешка.

Се вчитува...