Руне ја напаѓа титулата во Мелбурн, во финалето го посакува Ѓоковиќ

Данскиот тенисер Холгер Руне оваа сезона се проби во врвот на АТП листата, но секако не сака да застане тука.

Младиот Данец успеа да освои само една титула во 2023 година, каде беше најдобар во Минхен, што е полошо од пред една година кога успеа да дојде до три титули. Сепак, тој е оптимист за следната година. Руне почна да работи со Борис Бекер, кој му беше тренер на Новак Ѓоковиќ и кој му помогна на српскиот тенисер да дојде до самиот врв на светскиот тенис.

Руне не би имал ништо против да му се случи истото, а во 2024 година има една желба која може да се оствари на почетокот на сезоната.

„Затоа мојот избор би бил да го поразам Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен“, изјави Руне.

Се вчитува...