Руне: Ќе го пратиме Новак во пензија само кога постојано ќе го победуваме

Доминацијата на Новак Ѓоковиќ во „белиот спорт“ не престанува ниту на 36-годишна возраст. Србинот продолжува да нижи трофеи и да поставува нови рекорди засенувајќи ги и најмладите тенисери.

Еден од нив е и Холдер Руне кој заедно со Карлос Алкараз и Јаник Синер ја претставува новата генерација на тенисери. Данецот смета дека добро што Ѓоковиќ се уште е во спортот бидејќи е пример за тоа како треба, а ќе се пензионира само кога ќе започне постојано да губи.

„Супер е да си дел од таква група. Сите имавме одлични сезони. Јаник беше феноменален, Алкараз го освои Вимблдон. За спортот добро е што постои групна на момци која може да доминира. Не велам дека веќе доминираме, Новак и понатаму е тука, така да наше е да пробаме да го тргнеме од врвот.

Новак освои три од четири грен-слема оваа година. Мораме да целиме да го победуваме секој пат, не само на еден турнир. Тој нема да престане доколку не го запреме ние, а тоа ќе го направиме само ако го подигнеме нивото. Мене искрено ми се допаѓа што Новак е уште тука бидејќи ние младите може да видиме како правилно се работи и што е потребно да направиме“, изјави Руне.

Се вчитува...