Руне најавуваше дека ќе симне Ѓоковиќ од тронот, а сега доживеа срамен пораз во Мајами

Данскиот тенисер Холгер Руне кој пред почетокот на сезоната имаше најави дека ќе го симне од светскиот трон Новак Ѓоковиќ не успеа во овие скоро три месеци да направи никаков поголем успех на АТП турнирите.

Данецот доживеа голем срам во 3. коло од АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами, каде успеа да освои само два гема во поразот од Унгарецот Фабиан Марошан со 2-0 (6-1, 6-1).

За Унгарецот ова не е единствен скалп кој го има земено на најдобрите тенисер во светот, откако лани во Рим успеа да го елиминира и Карлос Алкараз.

Во осминафиналето во Мајами се пласираа и: Де Минор, Музети, Шелтон…

Се вчитува...