Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди летово напрафи трансфер од Леванте откако одлучи да се пресели во редовите на Трабзонспор.
По официјалното промовирање како ново засилување во турскиот тим, тамошните медиуми излегоа со нови интересни детали.
Еден од нив вели дека легендатан на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, се обидел да го убеди Барди да дојде да игра во Ди-Си Јунајтед во МЛС-лигата, но добил корпа. Барди и Руни разговарале повеќе пати, но Македонецот бил цврст решен да игра во Лигата на шампиони, па без дилеми ја одбил неговата понуда.
Барди со Транзонспор потпиша тригодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА