Евертон не ја почна најдобро новата сезона во Премиер – лигата, а беше блиску до пораз и на денешното гостување кај Брајтон (1-1). Сепак, Вејн Руни од пенал во 89.минута ги спаси „карамелите“ од нов непријатен пораз и можеби засега го задржува Роналд Куман на менаџерското столче.
Брајтон поведе со голот на Антони Нокарт во 82.минута од средбата. На крајот, двата тима мораа да се задоволат со поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА