Руни ќе останеше без око, судијата не покажа ниту жолт картон (видео)

Вејн Руни попладнево можеше сериозно да настрада откако англискиот голгетер го извлече подебелиот крај од еден воздушен дуел со Френсис од редовите на Бурнемаут.

Френсис со лакотот го удри Руни во пределот на окот, по што експресно се појави крв на лицето на голгетерот. Гостинскиот играч се извини, што беше прифатено од страна на Руни, но затоа ветернот беше бесен на главниот судија Крис Фој, кој реши воопшто да не го санкционира опасниот старт на членот на Бурнемаут.

Се вчитува...