Руни одби да патува во бизнис-класа: Јас сум дел од тимот и не сакам никакви поделби

Вејн Руни привлече огромно внимание по трансферот од Евертон во ДиСи јунајтед, но англискиот ас веднаш стави до знаење дека не сака посебен третман во однос на соиграчите. Имено, веднаш по потписот на договорот на Руни му било понудено на гостувањата да патува во бизнис-класа, издвоен од остатокот на тимот, па и во хотелите да има подобри соби од останатите. Сепак, одговорот на англиската фудбалска легенда бил дециден.

Ако ме доведовте да бидам дел од тимот, јас сум за да бидам дел од него. Не сакам никакви поделби, треба сите да сме заедно и да ги правиме истите работи. Не барав ниту пак ќе побарам специјален третман, сакам да сум третиран како и сите други фудбалери. Знам дека има фудбалери во САД кои не се ни обиделе да создадат некаква конекција со соиграчите, но за мене тоа е многу важно за потоа да оставам своја трага врз екипата“ – истакнал Руни.

Резултатот е и повеќе од јасен – ДиСи јунајтед пред доаѓањето на Руни беше последен во својата конференција, но предводен од извонредниот голгетер овој тим сега успеа да обезбеди и место во плејоф-разигрувањето.

Се вчитува...