Руни прогнозира: ПСЖ шампион, Баерн ќе плати за високиот пресинг

Вејн Руни типува на победа на ПСЖ во вечерашното финале од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен. Иако според квотите во обложувалниците Баерн ја има улогата на благ фаворит, Руни е убеден дека брзоногите голгетери на „светците“ ќе го имаат главниот збор на овој натпревар.

„Очекувам отворен натпревар меѓу два тима кои имаат исклучителни офанзивни играчи. Мојот избор е победа на ПСЖ, мислам дека Нејмар, Мбапе и Ди Марија е играчи што лесно ќе влегуваат во шанса, но за разлика од полуфиналето со Лион, ова се играчи кои шансите ги претвораат во голови. Баерн игра висок пресинг цела сезона, но овојпат ќе плати за тоа“, напиша Руни во својата колумна за „Сандеј тајмс“.

Баерн Минхен исто така е опасен по противничкиот гол, но поранешниот англиски репрезентативец верува дека одбраната на францускиот тим ќе биде на висина на задачата.

„Не се соневам дека Баерн ќе создава шанси, пресингот што го игра овој тим е извонреден, но ПСЖ е тим со одлични дефанзивци и со стабилни играчи во средината на теренот. На спротивната страна, очекувам Мбапе да навлекува и по двајца противнички фудбалери на себе, со што ќе се отвори многу простор за Ди Марија да делува од позадина“, прогнозира Вејн Руни.

Се вчитува...