Руни за Мбапе: Тој ли се осудува намерно да го турне Меси? Поголемо его не сум видел во живот!

Однесувањето на Килијан Мбапе во ПСЖ е активна тема секојдневно изминативе денови.

Последното во низа негативно однесување е од дуелот на ПСЖ против Монпеље кога Мбапе намерно го оттурна со рамото Лионел Меси откако не го доби на изведувањето вториот пенал изнуден од Нејмар.

Сето ова однесување на Мбапе, за кого е добро познато дека е во конфликт со Нејмар, а сега покажува анимозитет и кон Меси, е тема на разговор и меѓу англиските легенди. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Вејн Руни и тоа како го критикуваше односот на Мбапе, истакнувајќи дека некој треба да му каже на „детето“ кој е Меси во фудбалот.

„Дете од 22-23 години се дрзнува да го турне со рамо еден Меси. Никогаш не сум видел поголемо его од ова во мојот живот. Некој треба да го потсети Мбапе дека на негови години, на само 22 години, Меси имаше веќе четири Златни топки“ – вели Руни, изјава која ја пренесуваат англиските новинари.

Се вчитува...