Ливерпул за првпат по долго време врза три порази во сите натпреварувања, па британските аналитичари посветуваат огромно внимание на причините за кризата во која се наоѓа англискиот првак.
Според легендарниот Вејн Руни, главен виновник за поразот од Челси е Мохамед Салах, кој не само што немаше никаков придонес во нападот, туку и го остави десниот бек (најпрвин Бредли, потоа и Собослаи) да се мачи без да помогне кога Челси напаѓаше со удвојување од таа страна. Левиот бек на Челси, Кукурелја, по дербито обелодени дека Челси ја применил тактиката знаејќи дека Салах не помага доволно во одбраната, а Руни не криеше дека е разочаран од односот на големата „ѕвезда“ на теренот.
„Салах беше прв играч, но со доаѓањето на Исак, Екитике и Вирц, со сите оние потрошени, што размислува Мо во моментов… знаеме дека големите играчи имаат и големо его, а Мо Салах со години беше меѓу најдобрите во Премиер-,лигата. Кога Ливерпул победува, но кога тоа не се случува почнува да се говори за неговата работна етика, и тоа сосема оправдано… Сите знаат дека тој не се враќа секогаш, не помага во одбраната…. погледнете го мечот со Челси, на кој Бредли имаше бројни проблеми кога бекот втрчуваше, а Салах само стоеше и гледаше. Победничкиот гол падна по акција откако Салах ја загуби топката… и Кукурелја продолжи со движењето и асистираше, додека Мо реши да не го следи и да помогне на одбраната. Некој мора да застане и да му каже – мораш повеќе да помагаш. Тоа треба да е капитенот Вирџил ван Дајк, тие двајца се лидерите на тимот, но мора да бидат искрени и да говорат гласно кога постои проблем“, тврди Вејн Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

