Руски боксер избодел мечка која му го убила пријателот на риболов

Хорор приказна ни доаѓа од Русија каде за време на риболов во Сибир мечка ги нападнала рускиот боксер Илија Медведев и неговиот пријател Вечеслав Дудник. Мечката прва го нападнала Дудник кој го загубил животот, а потоа се свртела кон 23-годишниот боксер.

Медведев претходно четири пати стрелал во мечката со пиштол, но истата успеала да го бутне огненото оружје од неговите раце. Mладиот Русин брзо реагирал и со нож успеал да го избоде животното. Притоа 23-годишниокот се здобил со тешки повреди, а херојот на денот е рибар кој се нашол во непосредна близина и откако ги слушнал истрелите се упатил кон местото на несреќата.

Рибарот го пренел Медведев со својот брод во најблиската болница каде боксерот се бори за неговиот живот во критична состојба, пренесува Дејли Мејл. Медведев во 2019 година го освои златниот медал на Военото боксерско првенство во категоријата до 64 килограми.

Се вчитува...