Русија го освои АТП-купот

Репрезентацијата на Русија е победник на второто издание на АТП-купот, натпреварување што тенисерите го користат како загревање за настапот на Австралија Опен.

За Русија во ова натпреварување настапија Данил Медведев и Андреј Рубљев, кои во финалната пресметка беа подобри од италијанскиот состав Фабио Фоњини – Матео Беретини.

Рубљев прв излезе на теренот и го растури Фоњини со 6-1, 6-2, за веднаш потоа Медведев за 80 минути да го преслуша Беретини со 6-2, 6-4. Со оглед на недостижната предност од 2-0, беше откажан дубл-дуелот меѓу двете селекции.

Се вчитува...