Русија го освои петтото место на Европското првенство

Репрезентацијата на Русија ја совлада Холандија со 33-27 во натпреварот за петтото место на Европското ракометно првенство во женска конкуренција кое се игра во Данска. Русинките уште на самиот старт го преземаа водството и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да се врати во мечот.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Полина Ведекина со со шест постигнати гола, додека еден помалку даде Јулија Мангарова. Кај поразените залудни беа и 10 гола на Лои Абинг.

Вечерва на програмата се и полуфиналните дуели. Во првиот двобој се среќаваат актуелниот шампион Франција и најпријатното изненадување Хрватска, додека во скандинавското дерби домаќинот Данска ќе игра против Норвешка во вториот полуфинален меч.

Се вчитува...