Русија и Франција ремизираа и се доближија чекор до полуфиналето на Европското првенство

Франција и Русија ремизираа 28-28 во натпревар од второто коло во главната рунда на Европското ракометно првенство. Русинките подобро го отворија мечот и ја диктираа играта во текот на првите 30 минути, по што на пауза заминаа со предност од 19-16.

Сепак, во вториот дел Французинките заиграа далеку подобро и предводени од поранешната вардарка, Амандин Лејно успеаја да се вратат во мечот и во последните 30 секунди да влезат со предност од еден гол (28-27). Сепак, Русинките реализираа во последниот напад со што двете репрезентации поделија по еден бод кој ги однесе чекор до полуфиналето.

Двете репрезентации се на врвот на табелата во групата 1 и до крајот на главната рунда им е потребен само еден „кикс“ на Данска како би се нашле меѓу четирите најдобри на стариот континент.

Се вчитува...