Русија и Норвешка и натаму максимални на ЕВРО 2020

Првите фаворити за освојување на Европското првенство, Норвешка и Русија продолжуваат со одличните игри. Романија имаше сили за само едно полувреме да биде во егал со големиот фаворит Норвешка, која успеа во вториот дел да го сруши отпорот и да стигне до триумф од 28-20.

На ист начин продолжуваат и Русинките, кои вечерва го имаа најтешкиот предизвик досега на шампионатот во селекцијата на Шведска. Русинките и во двете полувремиња беа за нијанса подобри од Швеѓанките и стигнаа до триумф од 30-26.

Утре на шампионатот на програмата е последното трето коло во групите А и Ц.

Се вчитува...